Актуелно 08.03.2024 13:33

За 2,8 отсто зголемено индустриското прозводство во јануари

За 2,8 отсто зголемено индустриското прозводство во јануари

Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2.8%, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година,во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14.

2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи порастод 8.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21.7%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следнитеоддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производствона хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство нафабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство намоторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година,бележи пораст кај Енергија за 19.7 % и Капитални производи за 41.

2%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.7% и Нетрајни производи заширока потрошувачка за 6.8%.
()