По неколкугодишниот скок на бројката на предвидени станови за градење, македонскиот пазар на недвижности се соочува со спротивни резултати.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година се издадени 275 одобренија за градење, што е за 20,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4,8 милјарди денари, што е за 31,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45 (16,4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23,6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 275 објекти, на 167 (60,7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 (39,3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52.648 квадратни ми.
Интересот за вложување во нови станбени единици е насочен првенствено во скопскиот регион. Аеродром, Гази Баба и Чаир се со најголем број на издадени одобренија за изградба на нови живеалишта. Додека, пак, години наназад интересот за вложување во нови станбени единици беше насочен кон Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Центар.
Бројките покажуваат дека најатрактивни за купувачите се двособните и трисобните станови.
Се поставува прашањето дали намалената активност за изведба на нови станбени единици може да доведе до повторно големо зголемување на цената на живеалиштата.
Според податоците од пазарот, во последните три месеци, цените на становите во Скопје пораснаа за 8%. Иако не е огромен растот каково 2022 година за 20 отсто, сепак има раст и во вториот и во третиот квартал.
Ако трендот на опаѓање на градежната активност продолжи, тоа би можело да донесе уште поголеми проблемите за купувачите кои веќе се соочуваат со превисоки цени и ограничен избор на достапни станови, велат градежниците.
За да дојде до стабилизирање на пазарот потребно е порастот на градежната активност и воведувањето на нов мерки ко ќе го поттикнат градењето, особено на поволни станови за младите и семејствата со пониски приходи.
Извор: pari.com.mk