Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тримесечје од 2024 година изнесува 9 916 622 000 денари и во однос на истиот период плани се зголемени за 216,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 495,2 отсто, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 13,2 процента.
Значително зголемување е забелeжано кај поледелството, особено кај тутунот, поради одложениот откуп минатата година. Кај рибата и другите производи има исто така зголемување, а кај млечните производи е забележано намалување.