Актуелно 11.03.2024 13:34

За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари

За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34.4% помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари,што е за 41.6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8%) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8%) за објекти од нискоградба и 42 (16.4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9%) објекти инвеститорисе деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2. ()