Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, денеска преку писмено соопштение до јавноста вели дека не се изразил доволно јасно и жали дека тоа предизивкало реакции во јавноста.
„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока, Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураки во својата изјава за медиумите ја потенцираше Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, стои во писменото соопштение.
Во вчерашната изјава за телевизија Сител, надлежниот министер рече дека Македонија не е Швајцарија, а сите прашања да се упатат кон работната група.
Дигиталната платформа „Види Вака“ објави пак дека министерот Дураки повеќе од 17 месеци е на функцијата, а не одржал ниту една прес-конференција или брифинг поврзани со загадувањето, но зема плата од 72.000 денари месечно.