Актуелно 02.11.2018 12:11

За девет месеци СДСМ го зголеми јавниот долг за 360 милиони евра

За девет месеци СДСМ го зголеми јавниот долг за 360 милиони евра

Расте задолженоста. Последните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека јавниот долг на крајот на септември изнесува 5 милијарди и 144 милиони евра и достигна 48,2 проценти од БДП.

На крајот на 2017 година јавниот долг изнесуваше 4 милијарди и 786 милиони евра (47,8 отсто од БДП), а годинава бележи постојан квартален раст – на крајот на март беше 47,6 проценти од БДП, на крајот на јуни – 48,1 процент.

 

За девет месеци од годинава задолженоста е зголемена за 357,5 милиони евра.