Економија 20.12.2018 22:07

За колку проценти „падна“ цената на нафтата?

За колку проценти „падна“ цената на нафтата?

Нафтата падна на најниско ниво за повеќе од една година.

Цената се намали за четири проценти денес, поради загриженоста за вишокот на понудата и ниската побарувачка.

Намалувањето на цените на нафтата, беше под влијание на колапсот на светските берзи, што се случи по одлуката на ФЕД за зголемување на каматната стапка, објави Ројтерс.

Американската “лесна” нафта (WTI) поевтини во еден момент за 2,35 долари за барел или 4,9 проценти, по цена од 45,82 долари, за потоа да закрепне нешто  околу 46,50 долари, додека северноморската нафта “Брент”  поевтини за 2,60 или 4,5 отсто, на 54,64 долари за барел, што е најниско ниво од септември 2017 година.

Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) и другите производители на нафта се согласија овој месец да го намалат производството за 1,2 милиони барели дневно, во обид да ги зголемат цените.

Но, намалувањата нема да бидат реализирани до следниот месец, а во меѓувреме е регистрирано рекордно производство во САД, Русија и Саудиска Арабија, што ги намали цените на нафтата. Цената на нафтата би можела да скокне на дури 300 долари ако се распадне сојузот ОПЕК-Русија, тврди саудискиот институт.