Четвртиот месец од годината нема да биде баш најдобар за овие 3 хороскопски знаци.
1. Бик
Важно е да знаете дека сè ќе биде во ред. Сонцето ќе патува низ вашата 12-та куќа на утехата и кармата, па немојте да се изненадите доколку треба да се ослободите од нешто или ако треба да простите некому. Без разлика што ќе се случи, ова е вашата можност да оставите нешто во минатото. Ова е шанса да одморите пред да започне вашата сезона, а одморот ќе ви биде навистина потребен.
2. Девица
Не заборавајте дека не постои ништо што е совршено. Покрај тоа, кога последен пат сте одвоиле време за себе? Секогаш се потребни денови за одмор на менталното здравје. Бидејќи сонцето патува низ вашата 8-ма куќа на сексот, трансформација и заедничките ресурси, овој период ве очекуваат долгорочни промени. Немојте да се спротивставувате и немојте да се плашите да бидете ранливи.
3. Јарец
Што прави да се чувствувате безбедно? Со сонцето во вашата 4-та куќа на домот, семејството и емоциите, веројатно ќе се чувствувате малку интровертно. Ова значи дека повеќе ќе сакате да минувате време сами со себе, во удобноста на вашиот дом, наместо да се опкружувате со луѓе. Од друга страна, вашата владејачка планета го започнува нејзиниот ретрограден циклус, па овој месец ќе треба да размислите за некои работи побрзани со вашата сегашна структура и основа.