Во експеримент кој во многу држави би бил незаконски, кинески научници создадоа генетски модификувани бебиња, и тоа се случува првпат во историјата.
Тимот предводен од д-р Хе Џианкуј, генетски изменил ембриони на седум двојки, при што зафатот успеал само кај една жена и таа останала бремена. Родените близначки се целосно здрави.
– Модификацијата е направена со цел организмот на новородените девојчиња да има природна отпорност кон ХИВ вирусот. Таква генетска мутација се појавува и природно кај луѓето, но тоа е многу ретко. Ова е голема одговорност и не го сторив за да бидам прв во оваа област, туку да го отворам патот и кон нови вакви истражувања, изјави д-р Џианкуј.
Испитувањата по раѓањето покажале дека само гените на една од близначките биле успешно модификувани. Второто новороденче добило од двата неопходни гена и така, девојчето нема имунитет кон ХИВ вирусот.
Светската наука го критикува овој потфат, а Џулијан Савулеску, професор по етика на Оксфорд, го нарече „чудовишен експеримент“.