Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во Македонија достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Аеропорт де Париз“ (АДП).
Според последното соопштение од АДП, само во февруари бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година.
Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.
Инаку, компанијата АДП поседува 46 проценти од акциите на компанијата ТАВ аеродроми, турскиот конзорциум што стопанисува со аеродромите во Скопје и во Охрид. ()