Актуелно,Финансии 18.08.2018 07:32

За вработување во „Гугл“ или „Епл“ повеќе не е потребна диплома од факултет

За вработување во „Гугл“ или „Епл“ повеќе не е потребна диплома од факултет

Платформата за вработување Glassdoor направи листа на топ 15 работодавци во светот, кои од кандидатите за вработување не бараат да имаат факултетска диплома. Меѓу нив се големи компании како Google, Apple, и IBM.

Минатата година заменик-директорката на IBM, Џоана Дејли, истакнала дека речиси 15 отсто од вработените во оваа компанија немаат завршен факултет. Таа рекла дека компанијата наместо да бара ексклузивно кандидати со завршен факултет, IBM сега бара кандидати кои имаат искуство во boot кампови за кодирање или завршени стручни курсеви поврзани со оваа индустрија.

Листата на десет компании кои не бараат факултетско образование од нивните работници ја предводи „Google “, каде се бараат проект менаџери, софтверски инжинери, проект менаџери за маркетинг. Потоа е „Ernst & Young“ , каде бараат советници за осигурување, советници за ризик, искусни менаџери и постар соработник за даночни услуги.

Компанијата Penguin Random House бара маркетинг дизајнери, помошници за огласување, постар менаџер за финансии и асистенти за производи. Costco Wholesale, бара благајници, работници во магацин, помошници за продажба во аптека и работници за пекара. Whole Foods бара членови на тимот за прехранбени производи и пекари, како и благајници. Hilton, пак, бара менаџери за настани, собарки, како и менаџери на хотели.

Компанијата Publix бара фармацевт, техничари за одржување, координатор на малопродажба и работници на саем. Во Apple се бара инженер за проверка на дизајн и проект менаџер за инженеринг, а Starbucks бара бармени, супервизори на смена и менаџери. IBM е на 12 место а бара инженери за blockchain финансии, како и водач на регрутери и преговарач.