Германскиот економски раст забавува, пишува „Zeit.de“.
Економскиот раст на Германија се зголеми за 1,5% на годишна база во минатата година, објави Федералната статистичка служба. За споредба, во 2017-та и 2016-та година, растот изнесуваше 2,2%.
Позитивни индикации за растот се случиле претежно од домашниот пазар, објаснуваат статистичарите. Трошоците на потрошувачите се зголеми за 1%, а државните трошоци за 1,1%. Сепак, растот на БДП-то е значително понизок отколку во претходните три години.
Според податоците, инвестицијата се зголеми за 4,8%, а зголемувањето е 3% во градежништвото, при што трошоците за јавни градежни работи се значително повисоки отколку во 2017-та година.
Истовремено германскиот национален буџет успеа да забележи рекорден суфицит во 2018-та година. Според Федералниот завод за статистика, федералната република, провинции, локалните власти и социјалното осигурување добиле вкупно 59,2 милијарди евра повеќе отколку што потрошиле. Ова е највисокиот вишок од обединувањето. Петтата година по ред федералниот буџет е во плус.
Причина за позитивниот тренд е силната економија со рекордна вработеност и зголемените надоместоци. Така, владините приходи се зголемија за 4,7%, додека трошењето порасна за само 3,1%. Ниските каматни стапки, исто така, заштедија милијарди евра од трошењето.