Економија 06.02.2024 08:55

Забрана на доларот – Америка ја пофали одлуката

Забрана на доларот – Америка ја пофали одлуката

Ирак им забрани на осум локални приватни банки да вршат трансакции во долари.

Со ова државата има намера да ја намали можноста за измами, перење пари и други незаконски активности со помош на американската валута, неколку дена по посетата на висок функционер на американското Министерство за финансии.

На банките им беше забрането да учествуваат на дневната аукција во долари на Ирачката Централна банка за да се спречи шверцот на оваа валута во соседен Иран, објави Ројтерс.

Ирак има резерви од повеќе од 100 милијарди долари складирани во САД и во голема мера се потпира на добрата волја на Вашингтон, за да се осигура дека пристапот до приходите и финансиите од нафтата нема да биде блокиран, додава британската агенција.

Портпаролот на американското Министерство за финансии рече дека САД ги поздравуваат чекорите преземени од Ирачката Централна банка за заштита на ирачкиот финансиски систем од злоупотреба.