Актуелно 02.06.2020 14:04

Заев ги имал доказите за Боки 13, а на Мијалков му го тргал СЈО за да му обезбеди пратеници за промена на името

Заев ги имал доказите за Боки 13, а на Мијалков му го тргал СЈО за да му обезбеди пратеници за промена на името

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“. Оваа порака од Зоран Заев е испратена до Бојан Јовановкси на 16-ти април.

Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала Вилма уште на 16-ти април ако пријавата е направена на 2-ри мај? Кој му ги дал доказите на Заев?

Овие прашања логино се поставуваат откако случајот Рекет излезе на виделина. Првообвинетиот Боки 13 вчера во судницата раскажа многу повеќе од што некои сакаа да биде слушнато.

„Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени.

Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне“.

Не се вештачи мојот телефон, рече тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев.

-Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува, изјави Јовановски.