Актуелно 23.05.2019 15:17

Заев ги излажа вработените од Еурокомпозит. Ќе се поставуваат шатори пред влада

Заев ги излажа вработените од Еурокомпозит. Ќе се поставуваат шатори пред влада

Протестираат дел од работниците на прилепскиот „Еурокомпозит“ кои беа прогласени за технолошки вишок. Тие бараат да еднаш засекогаш им се реши проблемот.

 

Имено, работниците пред општинската зграда во Прилеп изразија незадоволство поради фактот дека владата и премиерот Зоран Заев не ги исполниле дадените ветувања од  пред 4 месеци каде премиерот Заев им ветил дека доколку не се најде купувач за „Еурокомпозит “ владата со закон ќе одобри 3 милиони евра за конечно да се реши долгогодишниот проблем на оваа фирма загубар.

Тие посочија дека ова им било ветено лично од премиерот при нивните средби решавање на нивниот проблем  и дека апелираат и до прилепскиот градоначалник и Вице премиерот да се закажат нови  средби и да се изнајде решение за овој огромен проблем на градот.

Работниците изјавија дека од понеделник ќе протестираат со шатори пред владата се додека истата  не го исполни своето ветување и не го реши овој горлив проблем.

Инаку, околу 154 лица се прогласени за технолошки вишок кои очекуваат исплата на  отпремнина  по околу 100.000 денари додека вработени се околу 60- тина луѓе во фирмата . Нивното барање е исплата на заостанатите плати и придонеси за 6 ипол години.

 

Премиерот Зоран Заев од собраниска говорница ветуваше дека „Еурокомпозит“ ќе има успешна трансформација.