Актуелно 23.12.2019 16:40

Заев ги „плаши“ граѓаните со враќање на името Република Македонија?!

Заев ги „плаши“ граѓаните со враќање на името Република Македонија?!

Дали премиерот на заминување, Зоран Заев, и неговиот тим од екс Бихаќка смислија нова тактика за предвремените избори? На ова прашање наведува најновата изјава на Заев, кој сега ги „плаши“ граѓаните со враќање на името на државата, Република Македонија.

На новинарско прашање, премиерот на заминување одговори: „Да, господинот Мицкоски ако дојде на власт ќе го поништи Договор и со Грција, односно Преспанскиот договор и ќе го поништи Договорот со Бугарија. Но затоа нема да дојде на власт. Тоа не е возможно!“

Овој нов „аргумент“ на Заев доаѓа по изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека со двотретинско мнозинство во Парламентот ќе го укинат Преспанскиот договор.

-Со двотретинско мнозинство во парламентот, го укинуваме Преспанскиот договор, рече Мицкоски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Малку подоцна, на новинарско прашање на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДМНЕ, ова го потврди и генералниот секретар на партијата,

Игор Јанушев.

„Тоа не е став само на Мицкоски. Тоа е став на целата партија. И во повеќе наврати сме го кажале тоа. Ние не ги менуваме ставовите како СДСМ“ – изјави Јанушев на денешната прес-конференција

Логичното прашање кое веќе се поставува од граѓаните на социјалните мрежи е дали новата, нелогична кампања на СДСМ за предвремените избори на 12. април 2020. година, ќе се базира на аргументот :„Гласајте за СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати уставното име на државата кое насила, криминално и со уцени беше сменето во Парламентот?!“