Зоран Заев и Али Ахмети се договорија – граѓаните се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, потврдуваат за тв 24 од двете партии. Според информациите законот е во финална фаза, според планираното се очекува уште неделава да помине на влада.
До крајот на март да се изгласа во Собранието. Според информациите совен етничката графа, која што предизвика низ дилеми во јавноста, вториот спорен момент, од пропаднатиот попис во 2011 та –попишувањето на ислениците што се повеќе од една година надвор од државата е усогласен – тие ќе се попишуваат, но според информациите нема да влезат во вкупното население. Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.
Дека има договор за најжешкото прашање-етничката графа во 24 анализа и официјално потврди министерот за администрација кој беше дел од преговорите. И од дуи потврдуваат дека се усогласени клучните позиции. Порачуваат дека етничка графа ќе има, но велат за деталите треба докрај да се прецизира текстот на законот. Од заводот за статистика кој што ќе ги спроведе пописот идната година, а кој што беа вклучени во преговорите не сакаа да откријат детали за законот. Но, кусо велат дека најдоброто во идниот попис е што нема да има пописна комисија која што е политичка, но и дека ќе се користат повеќе регистри и нема да има можност за злоупотреби. Последен пат успешен попис имаше во 2002, по 2011 по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот. Тогашниот премиер Никола Груевски обвини за фалсификат, а пописниот материјал беше уништен.