Актуелно 26.08.2018 13:18

Заев и системот ја штитат Царовска наместо децата и социјално ранливите категории

Заев и системот ја штитат Царовска наместо децата и социјално ранливите категории

Голем број скандали ја отсликуваат работа во Министерството за труд и социјална политика кое е под раководство на Мила Царовска. Таа од опозиција ветуваше многу, но ништо од тоа не успеа да исполни за период подолг од година дена. Ваквото работење на министерката Царовска се отсликува и во системот на социјална заштита, па често гледаме немили случаи како ја потресуваат јавноста, а главни виновници за истите се иснтитуциите кои затаиле во грижата која што требало да ја пружат.

Деновиве јавноста ја потресе ситуацијата каде четиринаесет годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“ и беа извршени полови дејствија врз неа од страна на непознато лице.

Имено во првото тромесечие од годинава скандали имаше повторно во Домот „25 Мај“ во Скопје и во Домот „Ранка Милановиќ“ кој истотака се наоѓа во Скопје.

Во Домот „25 Мај“, малолетник побегна од установата најверојатно поради лошите услови. Малолетник беше пронајден во Чаир во доцните часови. Од истиот дом 13-годишно девојче со месеци било силувано и абортирало, а уште две други штитенички останале бремени.

А додека пак во Домот „Ранка Милановиќ„ од Скопје беше пријавено исчезнување на малолетничка при што за овој случај и министерката Царовска потврди дека ова девојче претходно бегала од институција. Имено на директорката и биле потребни 12 дена за да го пријави случајот во надлежните институции.

Јавноста се вознемири кога во мај годинава излезе информација дека тројца малолетни лица исчезнаа од Домот „25 Мај“ од Скопје. Стануваше збор за лица на тринаесет, петнаесет и осумнаесет годишна возраст.

Во февруари годинава беше силувано 13-годишно девојче во Домот за деца „25 Мај“ Скопје, при што директорот на установата си поднесе оставка.

Минатата година во декември исчезнала малолетничка од Домот „11 Октомври“ во Скопје, а истата била пријавена за исчезната дури во март годинава.

Во октомври минатата година беше пријавено и изчезнување на две малолетни лица од Домот за деца „25 Мај“ од Скопје. Имено станува збор за дванаесет и петнаесет годишни деца кои се упатиле во непознат правец.

Инаку, министерката Царовска пред повеќе од две години ветуваше дека кога СДСМ ќе дојде на власт социјалната помош ќе изнесува 12.000 денари, а до денес социјалната помош е покачена за само 40 денари.

Но, покрај во системот на социјална заштита, пропусти има и во детска заштита. Кога станува збор за негрижата на децата од страна на министерката Царовска, не може да не се спомне скандалозното видео од детската градинка во Гевгелија. Станува збор за видео каде се слуша како негувателки од гевгелиската градинка „Цветови“ со навредливи зборови го смируваат детскиот плач.

Сето ова е показетел на институционалната негрижа и затајувањето на институциите водени од премиерот Зоран Заев и ресорната министерка Мила Царовска. Целиот систем на социјална заштита и за ранливите категории е нагризан, а страдаат лицата штитеници и граѓаните на кои им е потребна заштита од социјалните установи.