Деновиве актуелна е информацијата дека владата ќе ги покачи пензиите само симболични 36 денари месечно односно минималната за 36 додека просечната за 63 денари на што бурно реагираа пензионерите. Имено, според податоците над 170.000 пензионери примаат пензија од 14.500 денари и спаѓаат во ранлива категорија и притоа ваквото минимално покачување нема воопшто да им направи разлика во секојдневното живеење.
Минималната пензија според новиот закон планирано е да се зголеми за 36 денари додека просечната за 63 денари. Според експертите проблемот со вака ниското покачување на пензиите лежи во новиот закон кој го донесе владата за пресметка на пензиите каде растот на платите не влегува во пресметката на покачувањето туку само инфлацијата.
Познавачите велат дека за да се реши проблемот треба да се врати старата формула каде се пресметува 50 % од инфлацијата и 50 % од растот на платите. Пресметано по старата формула со инфлација 0,025% и растот на платите од 2 % пензијата требаше да порасне за 2,25 %. Овој износ пресметан на 15.000 денари изнесува околу 300 денари или поточно 337 денари. На ваквиот начин новата влада на чело со Зоран Заев им скратува на пензионерите околу 300 денари покачување секој месец кое требаше да го добијат доколку не се донесеше новиот закон.
Владата пред да дојде на власт ветуваше брда и долини и повисоки пензии но очигледно и пензионерите извисија со оваа влада. Голем дел од нив се револтирани и сметат дека ваквите цени не треба да се сметаат воопшто како покачување затоа што се смешни. Пензионерите велат дека ваква формула за пресметка на покачување на пензиите не се применува никаде во европските земји.