На само еден ден од заминување од премиерската функција, Зоран Заев реши да ги „среди“ и дипломатите.
„Предлагаме ново законско решение за амбасадори, кое ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати,“ напиша денеска на својот Фејсбук профил премиерот на заминување Зоран Заев.
Индикативноста на целиот чин лежи во самиот факт што оваа „реформа“ на Заевата Влада доаѓа во последниот ден од неговата премиерска кариера, која според анкетите има големи шанси тука и да застане, велат познавачите за Курир. „Искреноста“ на Заев, пак, е надалеку позната и докаѓана во дузина примери, потенцираат експертите.
Поучени од досегашното искуство, познавачите и во овој чин гледаат нов модус за партизација на македонскиот амбасадорски кадар, добро осмислен и завиткан во обландата на наводна борба за „професионализам“, познат рецепт кој во ова пакување го има вкусот на кујната од екс Бихаќка. Најде ли владејачката партија рецепт за погром и во дипломатските служби, откако претходно ги „среди“ обвинителсвото и судството, а преку унапредувања и вработувања и безбедносниот сектор (МВР и Одбрана) во државата?
Колку навистина милуваат професионалци, посочуваат експертите, најдиректно покажа паниката која се дигна во редовите на СДСМ со опозицискиот предлог на Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи.