Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашното гостување на МТВ повторно го правдаше давањето на дел од плата во плик. Според него тоа било легално-полулегално и не може да биде казнето.
Тој дури посочи дека и фирми од земјоделскиот сектор и праработувачката индустрија, каде што функционираат фирмите на семејството Заеви ова е практика.
– 66% од професиите, вклучително и вашата новинарска, делот на земјоделската професија, каде што доаѓаат и семејството Заеви и во делот на прехрамбената индустрија и во делот на градежништвото многу, во делот на угостителството многу имаме исплаќање на дел од плата во плико – рече Заев.
Проблемот според премиерот е во тој што ги прима парите и дека работниците треба да ги пријавуваат и да плаќаат даноци за овие дополнителни средства кои како што самиот вели бизнисмените полулегално ги исплаќаат.
Зоран Заев со ваквата изјава без малку признава дека и фирмите на Заеви исплаќаат плата во плико, но за тоа виновни се работниците.