Економија 14.09.2018 09:29

Заев не го спомнува името на Република Македонија: Во Европскиот Парламент никој не сакаше да го чуе неговиот говор

Заев не го спомнува името на Република Македонија: Во Европскиот Парламент никој не сакаше да го чуе неговиот говор

Македонскиот премиер, Зоран Заев, денес се обрати пред Европскиот Парламент. Но, ретко кој сакаше да го чуе неговиот говор, па салата во Стразбур беше речиси празна.

Всушност, можеби и ретко кој знаел кој се обраќа од таа говорница, бидејќи Заев ниту еднаш во својот говор не спомна Република Македонија. Тој, името на нашата земја, воопшто не го изговори.

Знаеме дека ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила досега. Знаеме дека тоа е шанса еднаш-засекогаш. Нема да ја пропуштиме. Ќе ја зграпчиме таа шанса, зашто тоа е наш билет за ЕУ и НАТО, изјави Заев.