Актуелно 19.05.2020 13:30

Заев пак се закани дека сам ќе оди на избори на 21 јуни

Заев пак се закани дека сам ќе оди на избори на 21 јуни

Лидерот на СДСМ втор ден по ред со закнаи дека ќе оди на избори на 21 јуни, независно од ставот на другите политiчки чинители. Неаргументираниот став на Зоран Заев, среде корона да се оди на избори за спас на партијата, повторно демагошки и извртувачки го темели врз Уставот и законите кои изминатите три години ги кршеа на дневна база, според своите дневно-политички потреби.

Ако нема консензус околу датумот на избори, останува да се почитуваат уставот и законите, рече лидерот на  Заев на денешната прес конференција, додавајќи pak дека терминот за избори е 21 јуни.

„За разлика од другите земји кои излегуваат на гласање, немаме функционален парламент. Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите. Имаме можност да разговараме уште неколку дена, во спротивно ќе стапат во сила правните и уставните процедури“, рече Заев, најавувајќи уцена и ултиматум дека сами ќе одат на избори, без опозицијата.

Најновата прогнозерска измислица на Заев со која првда лудило од избори среде коронавирус е дека наесен ќе се засилела короната, непоткрепена најава во време кога поголемиот дел експерти велт дека тогаш коронавирусот ќе го надмине пикот. Останува неговите медиуми и пропагандата да го убедуваат народот во оваа невистина.