Актуелно 16.04.2019 10:22

Заев по изборите ќе ја намалува државната администрација

Заев по изборите ќе ја намалува државната администрација

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 изјави дека по претседателските избори се планира намалување на државната администрација.

На новинарското прашање поставено од Алберт Муслиу дали после изборниот циклус владата планира посериозни и посмели активности не само во правосудство и туку во администрацијата, Заев рече дека намалувањето на администрацијата е всушност реформата која ќе ја споревед владата на СДСМ после изборите.

-Да намерата ни е да ја намалиме јавната администрација и се прават анализи тоа е дел од реформите, вели Заев.

На прашањето која е бројката со која ќе се намали администрацијата Заев рече дека не може да каже точно бидејќи за тоа се прават дополнителни анализи.

-Генерално сакаме да ја намалиме, притоа што преку пат на понуди на вработените во јавната администрација ќе им се понуди алтернативна, рече Заев