Актуелно 22.05.2020 10:44

Заев преку обезбедувањето го контролира следењето, преку Медарски судството

Заев преку обезбедувањето го контролира следењето, преку Медарски судството

Со секторот за прикриени полициски операции во рамки на БЈБ раководи Тони Јаневиќ. Тој е брат на Љупчо Јаневиќ, шефот на обезбедувањето на Зоран Заев.

Информациите на Нетпрес говорат дека токму сегашниот директор на БЈБ, Сашо Тасевски, а поранешен бодигард на Заев и Оливер Спасовски, по ниту еден основ не дозволил промена на Тони Јаневиќ од ова началничко место за прикриено следење. Дали и какви прикриени полициски дејствија имал овој сектор на Јаневиќ, останува да се утврди наредниот период.

Темата за следењето стана повторно актуелна откако лидерот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, открија дека постои основа за сомнеж дека се следени. Сегаго, по нивните признанија, Владата не превзема ништо.

Николоски, на  ТВ дуел со Радмила Шекеринска јавно обвини за физичко и електронско следење на највисоките опозициски функционери од страна на безбедносните служби на државата.

Оваа прилично шокантна информација тој ја поткрепи со неколку примери на сликање и снимање на партискиот лидер Мицкоски како и за пресретнати координации по телефони од кои потоа очигледно на лидерските средби лидерот на СДСМ, Зоран Заев, имал предност при креирање на позиции во однос на опозицијата.

-Ова тврдење на Николоски впрочем не е ни прво во низата недоследности кои системот на реформи на безбедносниот систем ги остави зад себе. Најпрво, АНБ или по старо УБК, сѐ уште има технички можности без посредство на ОТА, а и без некоја посебна контрола од ОЈО да следи комуникации. Токму овој простор, оставен под плаштот заради заштита на „државните интереси” дава можност преку една широка, и нејасна формулација на заштита на уставниот поредок и тероризам, АНБ директно преку Врховниот суд да може да следи политички противници на власта. Некој ќе се запраша како е тоа можно? Многумина го имаат подзаборавено случајот на службените белешки со лажна содржима на припадници на УБК доставени до ОЈО со кои пред две години беше баран притвор за поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради наводно поседување имот надвор од државата, анализира Нетпрес.

Ваквата конструкција во спрега со Обвинителството е впрочем најтемната страна на ДБК/УБК/АНБ повеќе од 70 години откако е формирана како дел од југословенската ОЗНа. Апсолутно никој, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ не треба да има целосна доверба во работата на сегашното раководство на АНБ особено, заради фактот што добар дел од нив директно учествувале во операции на политичко разузнавање на оваа партија во минатото. Конструкции и имагинации од стилот дека партијата се финансира од некакви странски извори или постоење некаков анти-западен наратив на нејзините челници, па затоа се легитимна цел за следење на нејзините првенци никогаш не треба во целост да се исклучат.

Ова е од особено значење затоа што врз таквиот вид на операции на АНБ нема целосен увид ниту ОТА ниту, пак, парламентарната Комисија за надзор над работата на службите. Паралелно на просторот на делување на АНБ врз опозцијата може да се надоврзат уште најмалку две алатки за нејзино следење. Првата е тесната врска за која пишувавме на почетокот од овој текст за браќата Јаневиќ.

-Втората, но не помалку битна алатка на власта за следење и операции кон опозицијата е Агенцијата за разузнавање под капа на претседателот Стево Пендаровски. Дали двајца оперативци со техничка опрема и возило на оваа агенција биле на народен собир на кој биле присутни и неколку луѓе од врвот на ВМРО ДПМНЕ? Ако присуствувале нејасна е целта на нивното присуство на настан одржан на територија на државата со службено возило и опрема кога се знае дека нивната работа е надвор од границите на Македонија, пишува Нетпрес.

Бројните неправедни пресуди, одложувања на рочиштата, отфрлени обвиненија… се само дел од доказите дека Заев откако е дојден на власт управува и со судството. Најсилната тупаница во ова управување му е адвокатот Медарски, чие пола семејство е на високи позиции во македонското судство.