Актуелно 05.12.2019 16:59

Заев револтирана жителка нарече дека сценира претстава, таа нему и на Наумовски му докажа дека не и е асфалтирана улицата и нема канализација

Заев револтирана жителка нарече дека сценира претстава, таа нему и на Наумовски му докажа дека не и е асфалтирана улицата и нема канализација

Денеска премиерот Зоран Заев присуствуваше на увид на изградба на спортска сала во ОУ Јоаким Крчоски во Волково. Таму беше нападнат од неколку револтирани жители на горното маало во селото дека не била направена канализацијата.

Откако градоначалникот Александар Наумовски објасни дека минатиот проект е згрешен, и дека ќе биде направено, жителката не отстапуваше да бидат одговорени нејзините прашања.

„Вакви исценирани престави… Одете прашајте ја жената дали до нејзината куќа е направена канализација и дали е асфалтирана улицата. Асфалтирана е“, рече Заев.

По ова новинарот Фуркан Салиу ја однесе до дома револтираната жителка за да бидат уверени граѓаните дали навистина била асфалтирана нејзината улица и дали имаат канализација и тротоари.

-Ако јас лажам , а градоначалникот е во право нека повели со премиерот да види дали јас лажам или они. Почнувајќи од тука нагоре нема канализација, домот за стари лица во кои сме ние 70 луѓе е без канализација, водата им тече низ двор, летно време ние не можеме да седнеме на тераса од смрдеа, верувајте. Во домот канализацијата ја чистат со цистерни, вели револтираната жителка на Волково.

Ова е уште еден доказ дека Заев и градоначалникот Наумовски одговараат само на нарачани прашања покажувајќи ја општината преку розови очила.