Актуелно 02.03.2021 12:36

Заев: СДСМ ќе го менува името

Заев: СДСМ ќе го менува името

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите изјави дека СДСМ во иднина планира да го промени името. Промената ќе биде од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи на Северна Македонија“. Скратеното име би останало и натаму СДСМ.

„Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и не знаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија“, но има и други идеи, рече Заев.

Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.