Актуелно 04.04.2019 09:59

Заев версус Заев: Лани тврдеше дека сме добиле датум за преговори со Е.У., сега вели дека во јуни би можеле да добиеме датум

Заев версус Заев: Лани тврдеше дека сме добиле датум за преговори со Е.У., сега вели дека во јуни би можеле да добиеме датум

Ние добивме ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум ако ги исполниме четирите точки, судство, јавно обвинителство, безбедносни структури, корупција. Досега се сме исполниле, заедно гласавме со опозицијата за овие реформи, рече премиерот Зоран Заев на гостувањето во 1телевизија.

Заев минатата година во јуни говореше нешто друго, беше категоричен дека Македонија добила датум за преговори и оти ЕУ донела историска одлука.

Заев јуни 2018: Добивме датум за преговори

Заев април 2019: Добивме ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум