Актуелно 21.08.2019 21:49

Заев во силна одбрана на Катица Јанева: Таа е институција, стојам зад неа како личност

Заев во силна одбрана на Катица Јанева: Таа е институција, стојам зад неа како личност

Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА, дадено во март годинава истакна дека смета дека вака поставената законска уреденост на Специјалното јавно обвинителство е добра.

Тој  истакна дека прашањето дали да остане Катица Јанева на чело на СЈО е институционално прашање и е трошката надеж за враќање на правната држава.

На прашањето дали е подготвен да ја смени Катица Јанева тој одговaри:

-Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја.Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Северна Македонија, рече Заев.

Дури и откако аферата „Рекет“ излезе во јавноста, Боки 13 и зоки Кичеец беа уапсени, а имаше индиции и основи за сомнеж дека Јанева била нивни соработник, Заев сепак застана зад неа и даде голема поддршка.

„Рекет“ не ја руши довербата на Заев во Јанева

Премиерот Зоран Заев стои зад Катица Јанева и покрај шпекулациите за нејзината вмешаност во случајот „Рекет“ почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Вели дека е горд на тоа како функционира правната држава во земјата.

Оваа изјава тој ја даде на 17-ти минатиот месец:

Заев ја смета Јанева за човек „кој се борел за правда и покажала храброст во време кога сите шепотеле“.

„Додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал секако дека стојам зад неа како личност“, рече Заев.