Актуелно 24.12.2020 11:54

Заев: Во земјите каде што марихуаната е легална, корисниците се откажуваат од хероин, кокаин и сите тешки дроги

Заев: Во земјите каде што марихуаната е легална, корисниците се откажуваат од хероин, кокаин и сите тешки дроги

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата за легализација и декриминализација на канабисот.

Заев истакна дека во земјите каде е легализиран канабисот, се чувствува економскиот потенцијал за развој на сите услужни дејности и многу од консументите се откажуваат од хероин, кокаин, од сите тие тешки дроги.

-Во едни такви околности, јас ја отворам дебатата, верувајќи дека ќе доминираат помладите, поавангардните сили во државата. Логично ми е, постарите да бидат порезервирани, повнимателни и тоа опстојува. Но, конечната цел, остварува одличен економски раст и развој. Отвора нови работни места, внесува девизен прилив во државата, помага многу во борбата против користењето на други наркотички средства – рече Заев кој подвлече дека во наредниот период ќе биде јавна оваа дебата и дека треба да го искористиме овој сериозен економски потенцијал.

Тој го подвлече и тоа дека во Законот за опојни дроги се предвидува 20 проценти, наместо десет, од данокот на добивка, да одат на децата со ретки болести, за поддршка на здравствениот систем, за поддршка на спортот, културата, на граѓанскиот сектор и за медицински потреби.

Премиерот посочи дека дебатата во јавноста ќе биде отворена и за прашањето за легализацијата медицинскиот канабис, со отворање кафетерии, прво во одреден дел од територијата на државата, како на пример во туристичките центри како Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје како голем туристички центар.