Поранешниот прв антикорупционер Воислав Зафировски вели дека се води некоректна постапка против обвиниетите од 27-ми Април. Тој притоа кажува дека обвинетите и нивните бранители не се исти во таа постапка. Освен тоа тој посочи дека освен што јавниот обвинител и судиите излегуваат од иста канцеларија и доказите со кои што располага обвинителството не се уредни и се презентираат селективно.
– Немаме еднаквост на правните оружја во таа постапка што многу лошо говори за самото судство. Адвокатската комора треба да бара од судот коректен однос на бранителите. Ако некој сака да им помогне на обвинитетите треба да им овозможи фер одбрана. А не да се тркаме со времето и да држиме маратонски рочишта каде обвинетите ќе се уистоштат а бранителите нема да им овозможат фер одбрана. Вчера бранителите беа казнети поради непристојни однесување. Дали е непристојно бранителот да ги бара своите права во рочиштата, кажа Зафировски.
Според него ова што го прави судот е доказ дека е или под страшен политички притисок или дека сака да и се додвори на извршната власт. Тој притоа потенцираше дека кога тој би се прашувал никогаш не бил дал квалификација за тероризам и загрозување на уставниот поредок.