Економија 02.02.2021 12:59

Загина 19 годишен фудбалер во страшна сообраќајка

Загина 19 годишен фудбалер во страшна сообраќајка

Голема трагедија се случи во Србија, откако во сообраќајна несреќа загина 19-годишниот фудбалер на ФК Слога Пландиште, Филип Радуловиќ. Тој викендов го одигра последниот натпревар за својот тим, како стартер во мечот против Будучност Алибунар.

Како што пренесуваат српските медиуми Министерството за внатрешни работи на Србија поднесе кривична пријава против 25-годишен маж од Вршац, поради постоење на сомневања дека извршил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Тој на патот Вршац – Пландиште премина на спротивната страна на коловозот со своето „БМВ“ и удри во возило марка „мерцедес“ кое се движело во спротивен правец. Поради ударот починал младиот фудбалер кој управувал со мерцедесот, додека 25-годишниот возач на „БМВ“ поминал со лесни повреди.