Актуелно 05.02.2021 23:46

Загина Атанас Скатов, пронајдено неговото безживотно тело

Загина Атанас Скатов, пронајдено неговото безживотно тело

Пронајдено е телото на бугарскиот алпинист Атанас Скатов кој сакаше да се искачи на К2.

Пронајдено е безживотното тело на бугарскиот алпинист Атанас Скатов кој сакал да се искачи на врвот К2 во Пакистан, вториот највисок врв во светот по Монт Еверест, со висина од 8.611 метри, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бугарското национално радио објави дека Скатов, кој започна уште едно тешко искачување во зима, паднал на место надвор од дофатот на спасувачките екипи.

Телото на бугарскиот алпинист е пронајдено од страна на хеликоптерска екипа на пакистанската војска.

Искусниот алпинист Скатов досега се имаше искачено на 10 од 14-те врва во светот со висина над 8.000 метри.

Скатов имаше 42 години.