Актуелно 27.03.2020 16:27

„Загрижува дупката од 2 милијарди евра во буџетот и признанието на Манчевски дека нема да има ниту за плати“

„Загрижува дупката од 2 милијарди евра во буџетот и признанието на Манчевски дека нема да има ниту за плати“

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев ја потврди катастрофалната кондиција во која се наоѓа буџетот на Република Македонија. Тој го потврди она за што ВМРО-ДПМНЕ изминатите три години предупредуваше и истакна дека буџетската дупка изнесува неверојатни 2 милијарди евра. Не само што потврди дека нашата држава е пред банкрот, Анѓушев исто така истакна дека македонската држава во наредните месеси ќе има проблем со исплатата на плати на администрацијата, што е застрашувачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во насока на укажувањата на Анѓушев беше и изјавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој изрази сериозен сомнеж дека нашата држава има доволно ресурси за да воспостави и спроведе вонредна состојба. По стапките на неговиот партиски шеф тргна и министерот за администрација, Дамјан Манчевски кој побара исполнување на директивата на Заев за намалување на платите во администрацијата на 14.500 денари. Ова е само потврда за катастрофалните економски политиките кои ги водеше СДСМ изминативе 3 години во мирнодобски услови кога целиот регион и Европа бележеше екомски раст.Сега во услови на криза Македонија благодарение на неспособноста на СДСМ, Република Македонија не може да го издржи финансискиот притисок, велат од партијата и додаваат:

„И додека власта бара намалување на платите на јавната администрација гледаме дека власта троши милиони евра за партиски вработувања и полнење на истата администрација на која сака да ја и намали платата со партиски кадар. Ваквото однесување е недозволиво во услови на светска пандемија, само во општина Гази Баба се потребни 250 илјади евра за времени вработувања. Да не заборавиме дека за 4 дена Димитров и Шекеринска потрошија 8 милиони евра за репрезентација и службени патувања иако беше прогласена вонредна состојба. За 3 години власта на СДСМ потроши 11 милиони евра за репрезентации и службени патувања. Неспособноста, неработењето и расипништвото на власта сега македонските граѓани може да ги чини парче леб“.