Актуелно 21.06.2019 18:36

Заканувачот на Героски активен во насилните протести на СДСМ и Шарената револуција, еве како ја напаѓа полицијата (ВИДЕО)

Заканувачот на Героски активен во насилните протести на СДСМ и Шарената револуција, еве како ја напаѓа полицијата (ВИДЕО)

Борче Гиноски кој вчера преку социјалните мрежи му се закануваше на уредникот на „Плусинфо” Бранко Героски бил активен во насилните протести на СДСМ и Шарената револуција.

Исто така Гиноски на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581.

Ова за телевизијата Алфа го потврдиле од Државната изборна комисија (ДИК). По синоќешниот притисок како што рече Героски, поради објавување на серија текстови за наводна изнуда и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.