Актуелно 23.09.2019 22:40

Заменик министерката за финансии призна дека проектот на ВМРО ДПМНЕ „Купи куќа купи стан “ е еден од најдобрите проекти

Заменик министерката за финансии призна дека проектот на ВМРО ДПМНЕ „Купи куќа купи стан “ е еден од најдобрите проекти

Во вечерашната емисија Тренд Анализа на ТВ 24 беше интервјуирана заменик министерката за финансии Ширет Елези која кажа дека проектот „Купи куќа купи стан „ кој беше воведен во 2011 година од страна на ВМРО ДПМНЕ е еден од најдобрите проекти.

– Проектот купи куќа купи стан е еден од најдобрите проекти кој ги имаме издвоено како Министерство за финансии кажа заменик министерката Елези.

Таа кажа дека од почетокот до воведувањето на проектот до сега одобрени се над 1325 барања на граѓаните за овој проект.