Непознати сторители утрово во село Шишево потпалиле автомобил марка „БМВ“ во сопственост на С.Т. од Шишево.
Минситерството за внатрешни работи соопшти дека утрово околу 04.30 часот во центарот на село Шишево, Скопско, било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т. од село Шишево.
Според пријавата, непознати лица најверојатно го полиле со запаллива течности и го опожариле во предниот дел, по што побегнале во непознат правец.Од сопственикот на возилото пожарот бил изгаснат.
Увид ќе се врши во текот на денот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот