Банкарство 12.12.2023 10:52

Започна со работа целосно модернизирана и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во Гевгелија

Започна со работа целосно модернизирана и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во Гевгелија

Комплетно модернизираната и дигитализирана експозитурата на Комерцијална банка во Гевгелија денеска ги отвори вратите за своите клиенти, кои во нов амбиент добија подеднакво квалитетни банкарски производи и услуги, но и дигитализирана зона 24/7 за уште побрзи банкарски трансакции.

Дигиталниот дел е опремен со банкомат за уплата и подигање готовина и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.

Шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси, како и стручни совети и обука за користење електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица.

Експозитурата на Комерцијална банка во Гевгелија останува фокусирана на ефикасно задоволување на финансиските потреби на своите клиенти, било да се физички или правни лица. ()