Мозаик 21.05.2018 10:18

Започнете бизнис за 100 долари

Започнете бизнис за 100 долари

Крис Жилабо е писател, претприемач и светски патник кој самиот на себе си задава мисија да ги охрабрува луѓето слободно да влезат во бизнис светот.

Тој вели дека за тоа се потребни помалку од 100 долари.

Како што изјави во интервјуто за Форбс, сегашниот момент практично е најдобриот момент за започнувањето на бизис, бидејќи никогаш не било полесно да се поврзете со потенцијалните клиенти.

Тој за луѓето открива четири совети за започнување на бизнис со 100 долари.

1.Вашата генерална идеја претворете ја во специфична идеја – Што е производот или услугата? Кој ќе го купи? Како ќе бидете платени? Бидете повеќе прецизни околу оваа точка.

2.Не го одолговлекувајте почетокот – Одредете си рок од 30 дена за да сторите се што е неопходно и да ја реализирате замислата.

3.Кажете им на сите дека сте започнале со работа – Контактирајте ги вашите пријатели „Работам нешто ново, дали сакате да ми помогнете?“.

4.Откако ќе ја кажете веста, работете со константен напредок. Секој ден пронајдете една или две акции со кои ќе го подобрите вашиот бизнис. Без оглед дали тоа ќе бидат некои помали акции, навидум безначајни, направете го тоа!

Книгата на Крис Жилабо „The $100 Startup: Reinvent the Way You Make a Living, Do What You Love, and Create a New Future“ во моментов е бестселер.