Основачот на “Мајкрософт”, милијардерот Бил Гејтс, верува дека земјите во светот треба да се подготват за пандемијата што му претстои на светот, на ист начин како што се подготвуваат за војна.
Гејтс верува дека смртоносната епидемија ќе ја погоди нашата планета во текот на следната деценија и дека смртоносната болест ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за не повеќе од шест месеци.
Ова апокалиптично предупредување, Гејтс го изнесе во петокот на научен собир во Масачусетс, а за ова тој зборуваше и порано, само со помалку убедување во неговите тврдења.
Напоменувајки дека тој е “обично оптимист”, Гејтс рече:
“Постои една област во која светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа е подготвеност од појавување на пандемија”, рече тој, истакнувајќи дека избивањето на епидемијата може да произлезе од компјутерскиот екран.
Во прилог на неговите трврдења, како и сериозно да се сфати, тој исто така посочи дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп по повод опасноста за која зборува.
Се чини дека американскиот Конгрес, исто така, верува дека “има нешто” во тврдењата на Гејтс, бидејќи одобри дополнителни средства на Националниот центар за контрола на болести и превенција.
Се претпоставува дека САД ќе предводат глобално и ќе ги поттикнат другите земји да работат на подготовките за појава на пандемија.