Актуелно 21.02.2019 19:35

Затворската полиција го блокира влезот на ГОБ „8-ми Септември“, итни случаи се препраќаат на клиника (ВИДЕО)

Затворската полиција го блокира влезот на ГОБ „8-ми Септември“, итни случаи се препраќаат на клиника (ВИДЕО)

Итни случаи се враќани од влезот на ГОБ „8-ми Септември“.

Влезот е целосно блокиран и затворската полиција не пушта ниту возила од итната медицинска помош.

Репортерот на КУРИР кој е на лице место, информира дека пред болницата е настанат голем хаос. Тој информира дека болницата е целосно блокирана и дека е затворена дури и за најитни случаи кои пристигнуваат.

Затворските полицајци, во мал број, прво беа таму поради примањето на претепаниот Миле Јанакиески.

Потоа побараа засилување, а пристигнаа и припадници на ЕБР.

Во видеото можете да видите, како возило кое носи пациент кому му треба помош е препратено на друго место и не им беше дозволен влез.