Обдукцијата на загинатите патници е веќе завршена, а телата на починатите се предадени на семејствата.
Екипите од судска медицина и доцна синоќа и денеска работеа на утврдување на причините за смртта на 14-те патници кои трагично загинаа на автопатот Скопје–Тетово.
Резултатите се предадени на јавен обвинител, а деталите за смртта се уште не се познати.