Актуелно 11.03.2024 09:25

Заврши изградбата на браната „Конско“, со која ќе се подобри наводнувањето во Гевгелиското Поле

Заврши изградбата на браната „Конско“, со која ќе се подобри наводнувањето во Гевгелиското Поле

Модерно наводнување на најмалку 6.500 хектари во текот на целата година и петкратно зголемување на обработливи површини ќе овозможи браната „Конско“, чија изградба и официјално е завршена. Инвестицијата е вредна над 40 милиони евра, обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Водата од акумулационото езеро ќе се користи и за производство на електрична енергија, ќе овозможи развој на рурален туризам и на спортски и рекреативен риболов, а ќе добие и дополнителна вредност со предвиденото поставување пловечки фотоволтаци.

Браната „Конско“ е дел од хидромелиоративниот систем „Гевгелиско Поле“, изведувачот на работите беше конзорциум од турските компании „Серка“ и „Ак Ели“, а надзорот го вршеше Градежниот институт.

„Со оваа нова акумулација, Гевгелиското Поле ќе добие пристап до дополнителни сериозни количини вода за наводнување. Но, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и дојранскиот регион. Верувам дека со оваа најголема инвестиција во гевгелискиот крај во последните децении повторно се враќа фокусот кон земјоделството и развојот на нашиот јужен регион“, изјави претседателот Стево Пендаровски. ()