Актуелно 09.01.2019 20:17

Заврши протестот пред Собранието, продолжува утре напладне

Заврши протестот пред Собранието, продолжува утре напладне

Заврши протестот пред Собранието откако седницата за уставните измени што почна доцна попладнето, по експозето на премиерот Зоран Заев, беше презакажана за утре во 13 часот.

Учесниците на протестот најавија дека утре напладне повторно ќе се соберат пред собраниската зграда за да испратат пораки против уставните измени. Дел од нив негодуваа на, како што наведоа,  бројното присуство на полицијата која ја обебзедуваше собраниската зграда.

На протестите пред Парламентот учествуваа  членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“, а на кои подоцна им се приклучија и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партиското членство.

Мицкоски рече дека и тој ќе го користи демократското право мирно и достоинствено да протестира и пркоси за сето она што се случува и ќе се случува денес, но и следните денови во Собранието. (МИА)

Најнови вести