Актуелно 15.05.2019 15:09

Здравковски: Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт, а овој пустош не го заобиколи ниту Велес

Здравковски: Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт, а овој пустош не го заобиколи ниту Велес

Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт во речиси цела држава, и овој бран на неработење и пустош не го избегна и Велес како еден од градовите кои дадоа многу, но и најмногу изгубија од погубните политики на овие деспоти, ова денеска на прес-конференција го истакна Игор Здравковски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

-Две години откако на чело на локалната власт е господинот Коцевски, и две години напразно очекување да отпочнат со реализација некои од неговите ветени проекти во изборната програма. Ветувањата и проектите останаа заборавени во неговата изборна програма, а секое негово излегување во јавност е само низа изговори, оправдувања, барање виновници низ минатото и нови шарени лаги. Ветивте затворен градски базен, а го затворивте и отворениот. Единственото место кое за и онака нискиот стандард на Велешани беше достапно за разладување во летниот период. Пред точно една година, во април 2018 година на прес конференција од општинската администрација беше објавено дека таа сезона базенот нема да работи бидејќи е ризичен, и ги замоливте граѓаните да бидат трпеливи, дека ќе биде најдено решение. И тие беа трпеливи Коцевски, но една година подоцна, поточно 02/2019 год. излеговте и најавивте дека не само што ќе биде ставен во употреба градскиот базен, ами и дека до него ќе се гради нов затворен базен. Сега е веќе средина на мај, а градскиот базен нема ниту градежни зафати, ниту некој се движи таму, и повторно ќе побарате од граѓаните да бидат трпеливи. Велешани господине Коцевски немаат веќе трпение за вашите празни ветувања и шарени лаги. Доста им е од ветувања кои се само предизборен трик, ве прочитаа и никогаш повеќе нема да ја вратите довербата, а тоа јасно ви го кажаа и на последните избори на кои бевте катастрофално поразени со речиси 3.000 гласови разлика и пад од цели 6.500 гласови за две години, а за тој резултат сте виновни единствено Вие – челниците на градот поставени од владејачката гарнитура, потенцира Здравковски.

Тој додава дека вие знаете, но знаат и граѓаните дека формиравте две нови јавни претпријатија за паркинзи и за гасификација, претпријатија кои по една година постоење немаат ниту своја годишна програма за работа ниту некаков проект, а не па приход кој ќе влегува во општинската каса, претпријатија кои служат само да се вдоми по некој партиски кадар и да зема плата.

-Постоечките јавни претпријатија кои никогаш не работеле со загуба сега  прикажуваат и тоа континуирано зголемена загуба, Јавното комунално претпријатие „Дервен“ и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Спорт Парк“ – работат со загуби, а неумеењето да се менаџира  и да се постават вистински професионалци доведе само до чести менувања на раководните лица, од кои  дел сами си поднесуваат оставки, и сето тоа уште повеќе ги хаотизира работите, а претпријатијата тонат, па сега поради лошите резултати, дополнително се дрзнувате да ги прераспоредувате работниците на други работни места, единствено затоа што тие не се ваши истомисленици и не ги поддржуваат погубните политики. Нема ниту катни гаражи, нема паркинг простор, нема трговски деловен центар, градски пазар, нема атмосферска канализација која ви беше предвидена во изборната програма и досега требаше да биде реализирана, но се уште има тука азбести цевки – а ветивте град без азбест – нема ништо од она што го ветувавте – доста е Коцевски. Велешани видоа доволно за овој период, ама не го видоа она што вие го ветивте – гледаат само смет, ископани улици со дупки кои ниту не се санираат, ниту имате намера да ги поправите, гледаат депонии кои горат со месеци, загаден воздух кој ги уништува, ги гледаат зголемените давачки по неколку основи на сметката на секој граѓанин, ја гледаат поскапата вода и што уште треба да видиме?! Вие Вашето си го кажавте Коцевски, а граѓаните едвај чекаат да си го кажат своето на следните избори. Колку побрзо сфатите дека проблемот е во вас, а не во народот, толку подобро ќе биде за и градот и за граѓаните. Коцевски до крајот на вашата политичка кариера остануваат уште две години. Време е да почнете да работите нешто, за како – така достоинствено да заминете во историјата, рече Здравсковски.