Актуелно 02.02.2021 13:42

Здравковски за КУРИР: Очекуваме поднесениот предлог за измени во Законот за средно образование да го прифати власта, но сепак сè ќе зависи од волјата на Царовска

Здравковски за КУРИР: Очекуваме поднесениот предлог за измени во Законот за средно образование да го прифати власта, но сепак сè ќе зависи од волјата на Царовска

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски во интервју за КУРИР вели дека со оваа пандемија се случија толку несвојствени работи во основното, средното и високото образование и согласно Законот за средно образование матурантите нели се обврзани на крајот од нивното школување да полагаат четири испити кои што би биле во насока на нивното продолжување на образованието, меѓутоа поради сите околности што настанаа со Ковид пандемијата тука имаме и задоцнување на почетокот на школската година за еден месец, имаме се уште ученици кои што немаат пристап за електронско следење на наставата, имаме ученици кои не се согласуваат со време траењето на часовите, како и аргументирано нивно барање за скратување на полагањето на предметите од четири на два предмета.

-Јас искрено не очекувам министерката да го прифати, меѓутоа сметам дека доколку се освестат, знаете ние имаме еден малку поголем и подлабок проблем во нашето општество каде што наместо законодавната власт да дава наредби и да ја контролира извршната власт, кај нас некако по обратен редослед одат работите и сега овие пратеници кои што се од мнозинството, а се дел од комисијата за образование, наука и спорт да потегнат едно вакво логично барање на матурантите кај нас сметам дека тоа ќе зависи од волјата на министерката Царковска. Знам дека и таму има одлични професори, одлични луѓе кои што работат во образованието и доколку малку подлабоко размислат ќе ги прифатат овие логични барања, вели Здравковски.

Тој се осврна и на законот за попис, кажувајќи дека најголемите забелешки околу овој закон се околу злоупотребата за европското знаменце и скратената постапка за носење на овие закони иако моментално мнозинството додека беше опозиција велеше дека никогаш нема да практикуваат такво нешто.