За лошата состојба во здравството сведочеше и самиот Венко Филипче, министерот за здравство, во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма.
На прашањата за сите недостатоци во здравствениот систем реториката на Филипче беше во насока на зборовите ветивме, разгледуваме, анализиравме.
Набавката на 40 нови пасати за потребите на Владата на СДСМ е поприоритетна од набавката на нови амбулантни возила за граѓаните на Република Македонија.
Министерството за здравство наместо да вложува во нови возила за итната помош, ќе прилагодува возила од МЗШВ кои не биле потребни таму.
Според воденото интервју и одговорите на Филипче, изгледа несогласувањата и различните мислења помеѓу СДСМ и ДУИ го блокирале обединувањето на сите клиники во еден Клинички центар.
Недостатокот на гинеколозите низ државата, нефункционалноста на Мој термин, стоматолозите кои се жалат на дискриминација, немањето лекови на рецепт уште на почеток на месецот, неодземањето на лиценците за работа на докторите кои ја злоупотребиле својата функција, се проблемите кои секојдневно се надвиснати над македонскиот здравствен систем.