Актуелно 15.12.2018 14:23

Здравство: И докторите си плаќаат за прегледи, Филипче не им плаќа здравствено!?

Здравство: И докторите си плаќаат за прегледи, Филипче не им плаќа здравствено!?

Здравство.мк јавува дека докторите на медицинскиот факултет во Скопје веќе две недели немаат покриено здравствено осигурување. Доктори кои мораат да земат лекови или да извршат одреден медицински преглед мора да си го платат и прегледот и лековите, бидејќи не им е покриено од Министерството за здравство, здравственото осигурување во Фондот за здравствено осигурување.

-Некој манипулира и си работи со парите на докторите и тоа веќе трае цел месец. Бројката за која се збори дека е оштетена и инволвирана во оваа „состојба“ на министерот и деканатот на медицинскиот факултет е околу 1000 доктори. Сите вработени во медицинскиот факултет, цел месец „кубурат“ со здравственото осигурување. – посочуваат доктори во изјава за здравство.мк.

ИЗВОР: ЗДРАВСТВО.МК