Актуелно 10.12.2018 15:30

Зеколи: Помирителот прозападњачки од Муртино успеа за недела дена да се скара со комплетното јужно-крило на НАТО

Зеколи: Помирителот прозападњачки од Муртино успеа за недела дена да се скара со комплетното јужно-крило на НАТО

Политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи, на својот Фејсбук профил посочува дека на крај на оваа бурна година, Македонија се соочува само со една дилема.

Таа дилема, според него, е: „Дали Зоран Заев e навистина комплетен шарлатан или дали Зоран Заев само глуми политичко шарлатанство“?

-Низ таа дилема ќе си разјасниме во себе за причините поради кои во рок од една недела, Зоран Заев успеа да се скара со три земји членки на НАТО (поради тоа што не сакале да го сработат она што тој како Премиер не смеел или не сакал да го направи и го уапси Груевски) за потоа да добие жестоки клоци од двете други соседни земји членки на НАТО со кои има своерачно напишано и потпишано Договори. Сума сумарум, помирителот прозападњачки од Муртино успеа да за недела дена се скара со комплетното јужно-крило на НАТО (да, вклучете ја тука и Турција), и тоа без никаква помош од страна. Па дури и без ниедна “aло мајсторе, кочи” од неговите прозападњаци во Бихаќка и Илинденска – со посебен акцент врз Пендаровски, Рамадани, Ружин и останатите нато-чирлидери кои останаа замолкнати пред авантурите на нивниот им вожд. За на крај, оваа епизода на минхаузенство на Заев биде заокружена со евидентниот факт дека имиџот на Заев како лидер со лежерен однос кон вистината не е веќе само домашен феномен. Како што Црногорскиот лидер ни даде шанса да разбереме дека тој имиџ на Заев “истинољубецот со опаш” е веќе раширен и надвор од Македонија, пишува тој.

Зеколи понатаму појаснува:

-Ако и успееме да го разбереме поривот на Заев за скар со сите земји членки на НАТО во регионот, останува втората непознаница за правецот во кој се има упатено слаколикиот палавко од Муртино.Кој, од ништо, никој и ничиму изазван најде за сходно да на самиот крај на сообранијската дебата за Договорот, непосредно пред посетата на Ципрас на Москва, нјавата на Москва за дебата во ООН и сребата на НАТО во Брисел излезе со изјава дека македонскиот јазик ќе биде изучуван во Грција. Останува на секој од нас да по свое убедување процени дали Заев навистина не знаел каков ќе бидде ефектот на неговата изјава во Грција или пак сосема добро знаел и каков ќе биде ефектот на изјавата и кому му е толку потребна за да има аргументирана причина и кауза за иницирање на дискусија во рамките на ООН. Како и да е, редоследот е тој и не може да биде изменете – изјавата на Заев претходеше на реакцијата на Ципрас за ООН, посетата на Москва, реакциите на Захариева и Каракачанов. Можеби се е случајност. А можеби е затоа што за Премиер го имаме Зоран Заев. Кој ќе ја знае? Кој, навистина, ќе ја знае? Има ли кој? Во овој даден момент, би рекол дека има некој кој знае нешто повеќе од нас, пишува Зеколи.

Целиот негов статус, го пренесуваме во продолжение: