Економија 02.11.2018 15:41

Желба за трговски договор помеѓу САД и Кина

Желба за трговски договор помеѓу САД и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да постигне трговски договор со кинескиот колега Си Џинпинг во рамките на самитот на „Г-20“ во Аргентина подоцна во овој месец и побарал од вработените во неговиот кабинет да започнат подготовката на потенцијалните услови, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на четири познати извори.

Желбата за договор со Кина е резултат на телефонскиот разговор меѓу двата претседатели во четвртокот, изјавија извори кои тврдат дека се анонимни. Трамп го опиша разговорот како „долг и многу добар“ и рече дека нивните разговори за трговијата „се движат напред“.

Трамп побарал од клучните министри нивните екипи да подготват потенцијален договор со кој ќе сигнализираат престанок на ексалираниот трговски конфликт, велат изворите, додавајќи дека во процесот се вклучени неколку агенции.

Телефонскиот повик од четвртокот беше прв јавно објавен меѓу Си Џинпинг и Трамп по шест месеци. Двете страни велат дека се спровела конструктивна дискусија за Северна Кореја и трговијата, а кинеските државни медиуми велат дека Трамп ја поддржал „честата, директна комуникација“ меѓу двајцата претседатели и „заедничките напори за подготовка“ на планираната средба за време на „Г-20“, што ќе се одржи на 30-ти ноември и 1-ви декември.

Не е познато дали Трамп се откажал од некои од барањата на САД на кои Кина се противи.

Реакциите за веста се измешани – некои аналитичари ја гледаат како позитивен сигнал за подобрување, додека други сметаат дека тоа е план на администрацијата на Трамп да ги зајакне пазарните расположенија пред попатните избори следната недела.